За Метал КГ

МеталКГ дооел е основана во 1995 година од г-дин Георге Киров со приватен капитал, и од тогаш па се до денес активно и успешно работи на својот развој. Тргнувајќи од мотивот за успешно работење, фирмата ја карактеризираат одговорност, организираност и флексибилност, а пред се квалитет во работата. МеталКГ главно се занимава со изработка на алуминиумска столарија застапувајќи ги исклучиво системите на АЛУМИЛ – Грција.

МеталКГ е главен застапник за Македонија за иноксни огради, производство на ИСТРА-Бугарија која изобилува со исклучително модерни дизајни на повеќе видови модели. Во склоп на Фирмата работи и браварска работилница која нуди производство на огради и порти од ковано железо и комплетно производство и услуги на црна браварија која е со врвна изработка докажана на пазарот.